
Репрезентацијата на Србија, потешко од очекуваното, стигна до триумф на гости (0-1) против Луксембург, кој се наоѓа на 68. позиција на ранг-листа на ФИФA. Единствениот погодок на натпреварот го постигна Душан Влаховиќ, кој во 68. минута стрелаше прецизно за водство и победа на “орлите”.
Точно 20 погодоци беа постигнати само за време на вечерните натпревари од седмото коло од квалификациите за Светското првенство.
Англија и Полска беа најубедливи вечерва со постигнати пет погодоци поединечно во мрежата на Андора и Сан Марино. Репрезентацијата на Данска, исто така, одигра перфектно, одбележувајќи убедливи победи од 4-0 над Молдавија и Сан Марино.
Во останатите два натпревари, Австрија беше поуспешна од Фарските острови 2-0, благодарение на Сабицер и Лајмер, додека пак Швајцарците славеа победа од 2-0 над Северна Ирска. Стрелци на головите беа Зубер во продолжението на првото полувреме и Фаснахт на само неколку минути пред последниот свиреж.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
