
На акуелниот тренер на Њукасл, Стив Брус му се изброени деновите, новите сопственици веже имаат идеја за тоа кој треба да седне следно на клупата на клубот. Така, тие веќе стапиле во контакт со поранешниот тренер на Интер, Антонио Конте околку неговото можно доаѓање на “Сент Џејмс Парк”, велат англиските медиуми.
Сепак, Италијанецот не брза да се врати на тренерското “столче” откако ги напушти “нераѕурите” ова лето и не верува дека ова е вистинското време да се приклучи на нов клуб.
Како негова алтернатива се споменува уште еден стратег со искуство во Серија А, односно поранешниот тренер на Рома, Пауло Фонсека. Според Дејли Мирор, 48-годишникот е во рамка на улогата да го води клубот во нова ера. Фонсека е без работа откако ја напушти “волчицата” на крајот од минатата сезона, каде беше заменет со Жозе Мурињо.
Инаку, Португалецот беше на чекор да стане нов предводник на Тотенхем, каде иронично, требаше да го замени токму својот сонародник, Мурињо. Сепак, на крајот, “спарси” се одлучија за избор на Нуно Еспирито Санто.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
