
Ромелу Лукаку го напушти таборот на репрезентацијата на Белгија пред плејофот за третото место во Лигата на нации против Италија. Според селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, напаѓачот ќе се врати во Лондон поради болка во мускулите.
“Еден Азар и Лукаку се во слична физичка состојба, имаа преоптоварување на мускулите. Но, не сме во можност овде (во Италија) да ги направиме вообичаените медицински прегледи и затоа и двајцата, ќе се вратат во своите клубови“, рече Мартинез.
“Не веруваме дека се 100 проценти подготвени за да бидат на теренот, бидејќи не знаеме која е сериозноста на нивните повреди. Дали ќе бидат достапни за нивните клубови зависи од нивниот напредок во закрепнувањето.”
Сепак, и репрезентацијата на Италија ќе биде ослабена за еден играч поради повредата на Давиде Калабрија. Дефанзивецот на Милан се повлекол од репрезентацијатата поради повреда на мускулот. Инаку, уште една “жртва” на репрезентативната пауза е и Лионел Меси, кој почувствувал болка во левото колено, па поради тоа Аргентина, во понеделник, ќе се соочи со Уругвај без својот капитен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија
