
Играчот за врска на Интер, Марсело Брозовиќ е на радарот на градскиот ривал на “нераѕурите”, Милан. Сегашниот договор на Брозовиќ истекува на крајот на јуни 2022 година, а Интер во него гледа клучна фигура во тимот и ќе се обиде да ја реши неговата ситуација во блиска иднина.
Хрватскиот репрезентативец во моментов заработува 4,2 милиони евра по сезона во Интер, но со цел да потпише нов договор, сака плата од 6 милиони евра по сезона. Доколку двете страни не најдат заеднички јазик, „Кориере дело Спорт“ тврди дека лутите ривали, Милан би можеле да ја искористат ситуацијата и да го доведат Хрватот како слободен играч следното лето.
Како и Интер, и Милан се наоѓа во комплицирани преговори со еден од своите клучни играчи од средниот ред, Франк Кеси, чиј договор исто така треба да истече следното лето. Ако преговорите останат блокирани, тогаш раководството на Милан, наводно, веќе го идентификувало Марсело Брозовиќ како фудбалер кој би можел да биде идеалната замена за капитенот на Брегот на Слоновата Коска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
