Силекс ја оствари и шестата победа во Втората лига Запад, и тоа во голем стил, совладувајќи ја Велешта со 6-0. Благоја Спиркоски и Сашо Дуков ја отворија серијата во првиот дел, а во вториот дел Антонио Каланоски постигна хет – трик и Дуков придодаде уште еден погодок.
Вардар го освои Кадино. Голем број „Комити“ отидоа да им дадат поддршка на фудбалерите, а вардарци славеа со 0-3. Кристијан Костовски беше стрелец на два гола за „црвено-црните“, во 52. и во 75.минута, а погоди и Петар Љамчевски во 90.минута.

Воска Спорт исто така оствари победа (0-2) на гости против Беса. Тетекс го доби дуелот со Гостивар со 2-1, со головите на Давид Спасовски и на Хусеин Демири од пенал. Кораби на гости го совлада Охрид Лихнидос. Стрелци за гостите беа Ујкан Муча и Абдулвахит Мурати во финишот од дуелот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













