
Европскиот првак Челси загуби на гостувањето во Торино од Јувентус со 1-0, а масло на оганот фрли изјавата на поранешниот менаџер на „сините“, Антонио Конте. Италијанскиот стратег му порача на Томас Тухел дека не ги користи доволно добро способностите на Ромелу Лукаку.
„Тренерот е добар ако им помогне на играчите да напредуваат. Мислам дека ние завршивме одлична работа со Лукаку. Тој е специфичен играч. Тој е опасен во шеснаесетникот и е неверојатно брз. Ако имате таков играч, мора да го искористите, и мислам дека Челси се уште не знае како да го направи тоа. Ако разбираат како да го користат Лукаку, тогаш ќе бидат фаворити оваа сезона во Лигата на шампионите“, изјави Конте.
По две кола во групата Х, бранителот на титулата е на второто место со три освоени бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
