Најтрофејниот македонски клуб Вардар не успеа да слави победа над Беса играјќи само 2-2 на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Гостите извлекоа бод во 90.минута со голот на Мухамед Бекир, а тоа беше дебитански меч за Никола Глигоров како нов тренер на вардарци.
Беса поведе со голот на Хакан Лимани во 23.минута, но Филип Петковски со два гола, во 41. и во 52.минута, се погрижи за пресврт. Сепак, Вардар не успеа да победи.
Силекс затоа си гази се по ред. Тимот на Горазд Михајлов отиде на гости кај Тетекс, неговиот некогашен клуб, и славеше со 0-2. Бурхан Алији погоди за водство во 23.минута, а Сашо Дуков го потврди триумфот во 75.минута.
Воска Спорт беше убедлива против Велешта и победи со 4-0. Елмир Алији и Бехар Фета донесоа два гола предност до полувремето, а во вториот дел погоди и Пајазит Салиу две минути откако Бехар Фета и вторпат стрелаше во противничката мрежа.
Гостивар го совлада Охрид Лихнидос со 2-1, со головите на Генц Гаши и на Артан Велиу, додека Мурат Адили беше стрелец за охриѓани.
Кораби оствари минимална победа над Кадино (1-0) со голот на Блерон Муча во 71.минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













