
По поразот (0-3) на Барселона од Баерн Минхен на „Камп Ноу“ на самиот старт од групната фаза во Лигата на шампионите, каталонската јавност почна поинтензивно да зборува за смена на тренерот Роналд Куман.
Холандскиот стручњак ќе го има првиот тест на вечерашниот првенствен натпревар од Ла Лига против Гранада, а во случај на лош резултат, каталонците би можеле да ја прекинат соработката со Куман.
Како можни нови имиња на клупата на Барселона се споемнуваат Жорди Кројф, кој еднаш го одби Лапорта, потоа Антонио Конте и Чави Хернандез.
Барселона има седум бода по три првенствени натпревари и ја зазема десеттата позиција, додека Гранада досега освои само два бода по четири меча.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
