Штефан Кунц е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентацијата на Турција, објави федерацијата. Во соопштението на ТФФ се вели дека постигнале договор со германскиот стратег кој досега ја предводеше У21 селекцијата на Германија.
Церемонијата на потпишување на договорот ќе се одржи утре во спортскиот комплекс на турската фудбалска репрезентација.
По убедливиот пораз (1-6) од Холандија, во квалификациите за СП 2022, поранешниот селектор Шенол Ѓунеш доби спогодбен раскинд и го напушти кормилото на турската репрезентација.
Штефан Кунц во кариерата беше тренер на Борусија Нојнкирхен, Карлсруе, Манхајм, Ален и германските репрезентации У-21 и У-23.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













