Италијанскиот првак Интер сака дополнително да го засили средниот ред во зимскиот преоден рок. Тренерот Симоне Инзаги има желба да го доведе во Милано холандскиот интернационалец Дони ван де Бек. Тој е сличен калибар на Кристијан Ериксен, кој се уште не смее да му се врати професионално на фудбалот по колабирањето на Европското првенство, а откако му беше вграден дефибрилатор.
Холанѓанецот минатото лето пристигна на „Олд Трафорд“, но во првата сезона најчесто беше на клупата за резерви, а ситуацијата не е ништо подобро и оваа иако беше стартер против Јанг Бојс во Лигата на шампионите.
Интер сака да го доведе на позајмица од 18 месеци, со право на откуп на договорот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













