Велшкиот интернационалец Герет Бејл ќе паузира околу два месеци по повредата на бутниот мускул. Тоа повторно ќе го оддалечи од терените откако фати одличен ритам на почетокот на сезоната во Ла Лига.
Со доаѓањето на Карло Анчелоти на клупата на Реал, статусот на Герет Бејл се подобри, но Велшанецот има нова голема лоша среќа. Бејл се здоби со нова повреда, овојпат оштетена е предната ложа на десната нога, поради што ќе паузира од осум до десет седмици.
Бејл многу емотивно ја поднесе лошата вест, пред се затоа што го фати моментумот и ја подигна формата, а постигна и еден гол пред повредата.
Договорот на крилниот напаѓач со Реал Мадрид истекува на крајот на сезоната, а клубот во моментов нема намера да му понуди нова соработка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













