Зинедин Зидан се одмора по заминувањето од Реал Мадрид, а она што е сигурно е дека нема да се врати набрзо на клупата на Мадрид, дури и ако „кралевите“ бараат замена за Анчелоти.
Зизу сега гледа кон Франција. Тој се споменува како наследник на селекторот Дидие Дешамп на клупата на „триколорите“, но нема да се случи пред Светското првенство во Катар. А дотогаш, Зидан веќе би можел да го преземе кормилото на Пари Сен Жермен.
Медиумите во Франција тврдат дека следниот клуб на Зинедин Зидан ќе биде Пари Сен Жермен. Наводно, тој веќе бил информиран дека е желба на „светците“ и дека и покрај продолжувањето на договорот, Покетино е условен со освојување на Лигата на шампионите. Ништо друго нема да биде доволно добро за Аргентинецот, по доаѓањето на Меси и сите други засилувања. А Зидан ќе чека негова смена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













