Фудбалерот од Мали, Ајвис Бисума, ги насмеа љубителите на фудбалот во Англија. Играчот на Брајтон ги шокираше сите во Англија со својата изјава.
„Јас сум најдобриот играч за врска во лигата“, изјави Бисума.
Тој пристигна од Лил во 2018 година во трансфер вреден осум милиони евра. Беше и цел на Ливерпул со оглед на неговите одлични игри во Брајтон, но се чини дека малку претера со неговата изјава.
„Не сакам да бидам арогантен, но мислам дека сум најдобриот играч од средниот ред во лигата. Го чувствувам тоа во мојата игра, енергијата што ја имам на теренот. Има навистина добри играчи, но во моментов мислам јас сум најдобар “, тврди Бисума.
Оваа изјава предизвика лавина коментари кај повеќето фанови во Англија и се чини дека играчот од средниот ред на Брајтон има премногу самодоверба.
Бисума минатиот викенд го имаше својот 100. настап во дресот на Брајтон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal