
Хрватскиот првак Динамо Загреб не успеа да направи чудо против англискиот премиерлигаш Вест Хем и загуби со 0-2 на „Максимир“ на отворањето од групната фаза во Лигата на Европа. Михаел Антонио во 22.минута ја искористи грешката во домашната одбрана и донесе водство, а Деклан Рајс во 50.минута ја удвои предноста и го реши мечот.
Црвена Звезда оствари голем триумф на стадионот „Рајко Митиќ“ славејќи против Брага со 2-1. Милан Родиќ во 75.минута со удар со глава го оптвори резултатот, но Брага возрати праку Галено само една минута подоцна. Сепак, „црвено-белите“ славеа со голот од пенал на Александар Катаи во 85.минута од натпреварот.
Баер Леверкузен со 2-1 го совлада Ференцварош, а Галатасарај славеше против Лацио со 1-0, со автоголот на Томас Стракоша.
Голеада имаше во Севилја каде Бетис со 4-3 го победи Селтик. Двоен стрелец беше Хуанми, а погодија и Миранда и Борха Иглесијас. За Селтик стрелаа Ајети, Јурановиќ и Алстон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
