Хрватскиот првак Динамо Загреб вечерва ја отвора одисејата во групите од Лигата на Европа. Капитенот Аријан Адеми се врати во тимот по повредата, а стартер против Вест Хем на „Максимир“ ќе биде и капитенот на македонскиот национален тим, Стефан Ристовски.
„Подготвени сме за дуелот со Вест Хем. Тие се многу квалитетен тим кој игра на врвно ниво во Премиер – лигата, но ние сме мотивирани да покажеме дека можеме да се надигруваме со најдобрите. Динамо Загреб има свои адути, а на „Максимир“ веќе имаме земено големи скалпови“, изјави Дамир Крзнар, тренерот на хрватскиот клуб.
Елиф Елмас со Наполи вечерва ќе гостува на Островот и ќе има дуел со Лестер. Македонскиот репрезентативец е најавен во првиот состав на тренерот Лучијано Спалети.
Интересно ќе биде и во Белград, каде Црвена Звезда ја пречекува португалската Брага, а Бетис ќе биде домаќин на Селтик. ПСВ Ајндховен ќе ги одмери силите со Реал Сосиедад, додека Глазгов Ренџерс ќе го нагости Лион.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal