
Клуб Бриж приреди големо изненадување и остана непоразен (1-1) против ПСЖ на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите. ПСЖ стартуваше со Мбапе, Меси и Нејмар во нападот, па ретко кој му даваше шанси на Клуб Бриж за поволен резултат. Но, белгискиот тим беше дури и подобар ривал во поголемиот тек од мечот, а голманот Симон Мињоле изјави дека немал многу работа против триото Меси – Нејмар – Мбапе.
„Немав премногу работа, тимот играше добро, бевме одлично организирани. Не дозволивме да создаваат шанси за гол. Тие индивидуално се супер квалитетни, но не дозволивме да дојдат во таква ситуација да излезат еден на еден. Искрено, немав многу работа. Имав неколку одбрани кои не беа премногу тешки“, изјави Мињоле.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
