Фудбалерите на Тотенхем ќе ја започнат својата мисија во новото натпреварување на Конференциската лига на УЕФА со гостување кај тимот на Рен. Тренерот Нуно Еспирито Санто на овој натпревар нема да може да смета на Хјонг – Мин Сон и на Ерик Даер кои се повредени.
Сон го повреди мускулот на ногата за време на репрезентативната пауза, па го пропушти и минатонеделниот натпревар против Кристал Палас, а Даер се повреди на натпреварот. Дополнителен проблем е што овие двајца фудбалери се под знак прашалник и за претстојното градско дерби што Тотенхем ќе го игра против Челси.
„Нивната состојба се подобрува од ден на ден, но се уште немаме проценка дали ќе бидат подготвени за натпреварот со Челси“, изјави Нуно Еспирито Санто.
Тотенхем не може да смета на дури тројца фудбалери од Јужна Америка, Ло Селсо, Ромеро и Санчез, кои ги игнорираа прописите на Премиер – лигата и минатата недела заминаа во Јужна Америка за да играат во квалификациите за Светското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













