Германскиот напаѓач Тимо Вернер (25), кој има скромна минутажа во Челси оваа сезона, најверојатно ќе го напушти лондонскиот клуб во зимскиот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми. Тој сака да биде конкурентен и да остане на списокот на репрезентативци за Светското првенство во Катар. Кон средината на декември ќе одлучи што понатаму.
Ако работите не се сменат во Челси, најверојатно ќе бараат нова средина. Враќањето во германската лига не е опција, а наводно би сакал да замине во Италија, бидејќи во летниот преоден рок имаше понуди од Интер и од Рома.
Минатата сезона Вернер забележа 35 настапи и постигна шест гола во дресот на Челси. Но, оваа сезона тој има драстично помалку минути откако во клубот пристигна белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку. Собра само три настапи, но еднаш беше во стартниот состав.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













