
Манчестер Сити и Лајпциг одиграа епски натпревар на „Итихад“, а „граѓаните“ славеа со неверојатни 6-3. Аке, Махрез, Грилиш, Кансело, Хабриел Хесус беа стрелци за Сити, а Мукиеле си даде автогол. За Лајпциг хет – трик постигна Нкунку.
Реал Мадрид успеа да слави со 0-1 на „Џузепе Меаца“ против Интер. Родриго во 90.минута го постигна победничкиот гол за „кралевите“ во Милано.
ПСЖ заглави во Белгија. Ѕвездениот тим на Маурисио Покетино беше разбиен, триото Меси – Нејмар – Мбапе не покажа речиси ништо, а водството за „светците“ го донесе Андер Херера. Но, Клуб Бриж израмни преку Ванакен, а потоа и беше подобатр тим во текот на мечот.
Ајакс го декласира Спортинг во Лисабон со 1-5. Себастиен Халер даде четири гола за холандскиот тим, а во листата на стрелците се запиша и Стовен Берхуис.
Ливерпул со пресврт го победи Милан на „Енфилд Роуд“ со 3-2. Томори си постигна автогол, а Салах не реализира пенал на стартот. Тоа го казни Милан и дојде до 1-2 со головите на Анте Ребиќ и на Брахим Дијаз до полувремето. Сепак, во вториот дел повторно Ливерпул додаде гас.
Мохамед Салах израмни на 2-2, а Џордан Хендерсон го постигна победничкиот гол за „црвените“.
Атлетико Мадрид и Порто одиграа без голови на „Ванда Метрполитано“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski