
Хрватскиот стратег Игор Тудор ќе биде наследникот на Еузебио Ди Франческо на клупата на италијанскиот калчолигаш Верона. Ова се уште не е официјална информација, но „Скај Спорт Италија“ тврди дека се е договорено. Се очекува потврда и од Верона.
Игор Тудор беше член на стручниот штаб на Андрео Пирло во Јувентус, но го напушти клубот на крајот од минатата сезона.
Клубот од „градот на љубовта“ е во тешка позиција бидејќи по три одиграни кола нема освоено ниту еден бод во Серија А.
Тудор досега го водеше Хајдук Сплит во два мандати, ПАОК, Карабуксор, Галатасарај и Удинезе во два мандати.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski