Еден од најголемите добитници од доаѓањето на Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид е Винисиус Жуниор. Бразилецот постигна четири гола во Ла Лига на четири натпревари, и забележа една асистенција. Очекувањата од него се големи на „Сантијаго Бернабеу“, но Реал Мадрид ќе мора тоа да го докаже и во договорот што истекува во 2024 година.
Проблемот не е во времетраењето, туку во вредноста на договорот. Тој во моментов е на четврто место одзади по заработка во соблекувалната, а многу нестандардни играчи добиваат поголема плата од него.
„Марка“ пишува дека Флорентино Перез ќе инсистира Винисиус Жуниор наскоро да добие нов, подобрен договор. Бразилецот, кој има 21 година, е подготвен да ја прифати понудата бидејќи во овој момент, најважно за него е да има добар статус во тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













