Европскиот првак Челси вечерва на „Стемфорд бриџ“ ја стартува одбраната на трофејот во елитното европско натпреварување. На домашен терен го пречекува Зенит.
Не е лесно да се одбрани трофејот во Лигата на шампионите, го знае тоа менаџерот Томас Тухел кој потенцира дека многу тимови можат да стигнат до титулата.
„Има многу тимови кои можат да ја освојат Лигата на шампионите оваа сезона. Ви треба среќа, импулс и добар тим. Ова натпреварување е многу отворено“, изјави Тухел.
Актуелните клупски шампиони на Европа, фудбалерите на Челси, се големи фаворити на првиот дуел против Зенит од Санкт Петербург во групата Х од Лигата на шампионите.
Минатата сезона лондонскиот клуб во финалето го совлада Манчестер Сити со 1-0.
„Можеби бевме изненадување минатата сезона, но тоа не беше незаслужено. Почнуваме од нула, без поени и без голови. Сите имаат подеднакви шанси“, додаде германскиот тренер.
Малме и Јувентус се дел од истата група. Италијанскиот тим отпатува без Федерико Киеза и Федерико Бернардески во Шведска, но и понатаму важи за голем фаворит.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













