Connect with us

Мурињо: Ги лажев сите со денови…

Португалскиот стратег Жозе Мурињо прослави вреден јубилеј, 1000. натпревар во неговата богата тренерска кариера и тоа го направи на спектакуларен начин. Рома на домашен терен го совлада Сасуоло со 2-1, а голот на одлуката беше постигнат во судиското продолжение, кога Ел Шарави ја затресе мрежата на гостите.


Мурињо го прослави овој гол со своите играчи, помина околу половина терен и стигна до трибината со најжестоките навивачи. На тој начин покажа колку му значи оваа победа, вкупно 639-та од 1.000 натпревари, а во првата изјава по натпреварот призна дека не бил искрен пред дуелот со Сасуоло.

„На сите им кажав лага! Со денови им кажувам на играчите дека овој 1000. натпревар не ми е важен, но имав неверојатен страв од пораз! За среќа, победивме, а јас трчав како дете бидејќи се чувствував како да имам 12 години, а не 58“, призна презадоволниот Мурињо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови