
Рома успеа да извлече победа (2-1) против Сасуоло на „Олимпико“ и на најдобар можен начин да му го честита големиот јубилеј на Жозе Мурињо. Португалскиот стратег вечерва по 1.000 пат водеше како професионален тренер.
Брајан Кристанте во 37.минута го донесе домашниот тим во водство, но Филип Ѓуричиќ израмни во 57.минута. Сасуоло имаше неколку одлични шанси и за целосен пресврт, но на крајот Жозе Мурињо повлече победнички потег. Го внесе во игра Стефан Ел Шарави, а тој во 90.минута постигна гол за триумф.
Сасуоло возврати, но за среќа на „волчицата“, сепак, имаше офсајд позиција при голот на Скамака, па победата остана во Рим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
