
Фудбалската репрезентација на Македонија ремизираше без голови против Романија на арената „Тодор Проески“. Тоа е трето реми под раководство на новиот селектор Благоја Милевски. Иако Македонија го надигра противникот, сепак, освои само еден бод како и на претходните мечеви од септемвриската сесија.
„Пред да почнеме да разговараме за фудбал, сакам да изразам сочувство од мое име и од целата репрезентација за жртвите во Тетово. Што се однесува до натпреварот, мислам Македонија никогаш не играла ваков фудбал како во овие три меча. Честитки за фудбалерите кои ги исполнија сите мои задачи. Кога е реализацијата во прашање, тоа е момент, секунда, но морам да кажам и дека лошиот терен го стори своето. Мислам дека е срамота да се играат вакви натпревари на ваков терен. Што се однесува до соодносот меѓу играта и резултатите, мислам дека според одиграното заслуживме најмалку уште четири бода“, изјави македонскиот селектор Благоја Милевски.
Селекторот на Романија, Мирел Радои, е задоволен со освоениот бод, со оглед дека сепак беше со десеткуван состав.
„Задоволен сум од играта и од резултатот. Имавме две цели, во едната успеавме. Секако, посакувавме победа, но исто така и планот беше да држиме 0-0 барем до 70.минута, а потоа да тргнеме по целиот плен. Не успеавме да победиме, но, заслужено освоивме бод“, изјави Мирел Радои.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Лука Модриќ официјално е нов играч на Милан

Евро-фудбал
Душан Тадиќ пред трансфер во Атлетико Мадрид

Интернационалци
Чешмеџиев потпиша за Радник Бијелина

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими
