По седум години, италијанскиот клуб Милан се врати во Лигата на шампионите и издаде билети за натпреварите од групната фаза. Но, цените на билетите беа скандалозни, фановите бојкотираа, па „росонерите“ мораа да ги повлечат од продажба.
Имено, во однос на градскиот ривал Интер, „росонерите“ продаваа билети за двојно поскапа цена. Така, за натпреварот Милан – Атлетико Мадрид (28 септември), билетот изнесуваше 119 евра, во споредба со натпреварот Интер – Реал Мадрид (48 евра) за истите делови на стадионот.
„Ја разбравме вашата загриженост и сфативме дека не се усогласивме колку што би сакале. Затоа, ќе ја преиспитаме нашата одлука и ќе ги прилагодиме цените на билетите. Продажбата ќе биде привремено прекината“, изјави извршниот директор на клубот, Иван Газидис.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













