Ромелу Лукаку беше главен адут на Интер, а Кристијано Роналдо прва ѕвезда на Јувентус. И двајцата во летниот преоден рок се вратија во Премиер – лигата.
Лукаку го засили Челси, а Роналдо се врати на „Олд Трафорд“. Медиумите анализираат и ги споредуваат квалитетите на двајцата голгетери.
Белгиецот има голем респект кон Роналдо, ги замоли медиумите воопшто да не го споредуваат со португалскиот ас.
„Никогаш не ме споредувајте со Кристијано Роналдо, никогаш. За мене, Кристијано Роналдо е меѓу трите најдобри играчи во историјата на фудбалот. Нема да го рангирам од прво до трето место, но тој е дефинитивно таму“, изјави Лукаку.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













