
Можеше ли Лионел Меси, сепак, да остане на „Камп Ноу“?! Направи ли раководството на каталонскиот клуб се што беше во негова моќ за да го задржи Аргентинецот?!
Каталонскиот весник „Спорт“ ги откри деталите од договорот на Гризман. Весникот откри дека Барселона заштедила над 200 милиони евра во следните три години со испраќањето на Гризман во Атлетико Мадрид.
Според податоците од договорот, платата на Гризман требаше да расте во преостанатите три години, во првите две што ги помина во Барса, тој заработи 17 и 18 милиони евра нето, додека во преостанатите три неговата плата исто така би пораснала еден милион годишно – 19, 20 и 21 милион… И тоа не е се, бидејќи платата на
Гризман би била уште поголема поради големите бонуси за одиграните натпревари, постигнатите голови и освоените трофеи.
Барса заштеди 60 милиони евра од нето-платата на Гризман, бруто-износот е речиси двојно поголем, а тоа е точно колку всушност клубот би потрошил за него. Ако на таа сума го додадеме и надоместот од 10 + 40 милиони евра, што ќе следува во 2023 година, Барса навистина заштеди околу 200 милиони евра при заминувањето на Гризман.
Логичното прашање што мора да се постави е – дали тие пари можеа да бидат префрлени за да се задржи Меси. Доколку планот беше направен многу порано и доколку Гризман уште тогаш се сложеше на ваков развој на настаните, аргентинскиот генијалец веројатно ќе можеше да остане на „Камп Ноу“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер
