
Лионел Меси замина, па сега Ансу Фати е „десетката“ на Барселона. Навивачите со нетрпение ја очекуваат младата ѕвезда да се врати на терените по пауза од цели десет месеци.
Сепак, Барселона нема да брза со враќањето на напаѓачот. Ансу Фати ќе го пропушти уште гостувањето во Севилја во Ла Лига, како и дуелот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Се очекува камбекот на терените да го има на 20. септември кога Барселона ќе игра против Гранада.
Ансу Фати е надвор од терените уште од ноември минатата година кога доживеа тешка повреда на коленото. Мораше да оди на три операции пред повторно да се врати во тренажен процес.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
