Кристијано Роналдо на самиот крај на летниот преоден рок го напушти Јувентус и се врати во Манчестер Јунајтед. Како што обично се случува во ерата на социјалните мрежи, играчите се збогуваат едни со други преку Инстаграм, Твитер, Фејсбук…
Практично сите најважни играчи на „старата дама“ се збогуваа со Роналдо. Од Дибала, Квадрадо, Бонучи, Де Лихт, па дури и до оние кои штотуку дојдоа во клубот. Локатели се прости од Португалецот, иако ја делеше соблекувалната со него само неколку дена.
„Потребно беше премалку, но оваа фотографија секогаш ќе ја носам со себе. Со среќа, шампионе“, напиша италијанскиот репрезентативец на Инстаграм.
Единствениот што не се збогува со Роналдо е капитенот и лидер во соблекувалната на Јувентус, Џорџо Кјелини, што италијанските медиуми не пропуштија да го забележат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal