
Шпанија за првпат по 28 години загуби во квалификациски меч за Светско првенство. „Црвената фурија“ дживеа пораз на гости од Шведска (2-1). Последен пат ова на Шпанците им се случи во март 1993 година, кога загубија со 1-0 на гостувањето од тогашниот европски првак Данска.
На тој натпревар, за Шпанија играа Пеп Гвардиола и Мигел Анхел Надал, чичкото на славниот тенисер Рафаел Надал.
Швеѓаните славеа со пресврт во дербито на четвртото коло од квалификациите за групата Б за Светското првенство 2022 година и го презедоа врвот на табелата.
Шпанија го отвори натпреварот со ран погодок, но многу брзо прими и гол за израмнување, а потоа остана без поен ефект. Карлос Солер беше стрелец за Шпанија во петтата минута, а само минута подоцна Александар Исак го израмни резултатот. Победничкиот гол за Шведска беше дело на Виктор Клаесон во 57. минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
