
Европскиот првак Италија мислеше дека лесно ќе излезе на крај со Бугарија, но на крајот доживеа изненадување и само ремизираше (1-1). Федерико Киеза во 16.минута донесе водство за Италија, но Атанас Илиев израмни во 39.минута. „Аѕурите’“ не најдоа начин како да ја надмудрат по вторпат противничката одбрана. Мала утеха е што израмнија светски рекорд со 35 натпревари без пораз.
Белгијците беа убедливи против Естонија (2-5) иако први примија гол. Естонците поведоа со голот на Каит, но Ваканен и Лукаку веднаш возвратија. Потоа за „црвените ѓаволи“ стрелаа и Витсел, Фокет и уште еднаш Лукаку.
Англија со 0-4 славеше на гости против Унгарија. Сите голови гордиот Албион ги постигна во второто полувреме. Стерлинг, Кејн, Мегваер и Деклан Рајс беа стрелци за англискиот национален тим.
Романија славеше на гости против Исланд со 0-2. Нашите следни противници одиграа жесток дуел во Рејкјавик, а Денис Ман и Николае Станчиу погодија за Романците.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
