
Реал Мадрид не успеа да го доведе Килијан Мбапе ова лето, но уште отсега е познато дека „кралевите“ ќе го доведат како слободен агент по завршувањето на оваа сезона.
Но, Мбапе не би сакал Реал да го доведе во своите редови и норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд, кој исто така се поврзува со доаѓање во Мадрид следното лето.
Мбапе и Халанд не се „сакаат“ премногу, а Французинот наводно порачал да не сметаат на него во Мадрид доколку сакаат да го доведат и Халанд.
„Мбапе го предупреди Реал Мадрид да го заборави ако го донесе Ерлинг Халанд“, тврди шпанскиот новинар Алберт Лесан.
Цената на Халанд следното лето ќе биде 70 милиони евра. Реал Мадрид со задоволство би ја платил таа сума, со оглед дека би го довел Килијан Мбапе како слободен агент. Но, очигледно дека тоа нема да оди така лесно.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
