
Италијанскиот шампион Интер по завршувањето на летниот преоден рок ќе се посвети на продолжување на договорите со клучните фудбалери, објавија италијанските медиуми.
Досега клубот постигна договор со аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез и тој треба да потпише нов договор по завршувањето на репрезентативните обврски.
Раководството на Интер планира преговори со уште четворица важни играчи, Марсело Брозовиќ, Николо Барела, Стефан Де Фрај и Милан Шкриниар.
Продолжувањето на договорот со клучните играчи покажува дека Интер сака да остане на врвот откако излезе од тешката финансиска ситуација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
