
Францускиот гигант Пари Сен Жермен успеа да го задржи Килијан Мбапе и покрај огромната желба на Реал Мадрид да го купи дури и за 220 милиони евра. Раководството на клубот се надева дека тој ќе остане на „Паркот на принцовите“ и подолго иако влезе во последната година од договорот.
Од ПСЖ веќе направиле обид за нова соработка со Мбапе, но тој ја одбил. Според „Ле Паризиен“, челниците на клубот имаат намера да го направат Мбапе најплатен фудбалер во светот и му понудиле нов двегодишен договор според кој би заработувал 45 милиони евра по сезона.
Но, Мбапе глатко ја одбил понудата и уште еднаш ставил до знаење дека негова интенција е трансфер во Реал Мадрид следното лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан

Евро-фудбал
Падна договор, Мбеумо доаѓа на „Олд Трафорд“
