Connect with us

„Десетката“ на Меси ја доби Ансу Фати

Од претстојната сезона, младата шпанска ѕвезда Ансу Фати ќе ја носи „десетката“ на Барселона. Тој број на дресот беше во сопственост на Лионел Меси цели 13 сезони. Аргентинецот се пресели во ПСЖ ова лето, а од 2008 година беше број „10“, откако Роналдињо замина во Милано.


Ова ќе биде трета сезона на Ансу Фати во првиот тим на Барселона, а „десетката“ е и третиот број што ќе го носи. Во првата сезона го носеше бројот „31“, а лани бројот „22“.


Следната сезона „деветката“ на Барселона ќе биде во сопственост на Мемфис Депај, „седумката“ по заминувањето на Антоан Гризман ја доби Осман Дембеле, а славната „шестка“ на Чави ќе ја има Рики Пуиг. Серхио Агуеро ќе го носи бројот „19“, но тој се уште е повреден и ќе почека до дебито.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови