
Колумбискиот голгетер Радамел Фалкао спогодбено го раскина договорот и го напушти тимот на Галатасарај. Негов нов клуб е шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано, каде ќе биде соиграч со македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски.
Поради честите повреди, 35-годишниот Фалкао одигра само 43 натпревари во дресот на Галатасарај во изминатите две сезони и постигна 20 гола, што беше далеку под очекувањата што ги имаа навивачите и раководството на Галатасарај при пристигнувањето од Монако.
Фалкао во кариерата има играно и за Ривер Плата, Порто, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед и Челси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан

Евро-фудбал
Падна договор, Мбеумо доаѓа на „Олд Трафорд“
