
Трансфер прозорецот во Шпанија формално заврши на полноќ, но дури во 3.30 часот наутро беше официјално објавен последниот трансфер на Лук де Јонг од Севилја во Барселона.
Целосен хаос настана во последните минути пред полноќ кога беа пријавени трансферите на Саул од Атлетико во Челси, Антоан Гризман од Барселона во Атлетико Мадрид и на Лук де Јонг од Севилја во Барселона.
Објавата на трансферите беше одложена поради технички проблеми, а медиумите објавија дека паднал системот за регистрација на играчи. Сепак, Ла Лига објави дека за никого не го продолжила рокот, туку дека сите трансфери се пријавени навреме.
Барселона го најави пристигнувањето на Де Јонг во 01:24 часот и ја повлече објавата неколку минути подоцна, за повторно да се појави на интернет во 03.30 часот, откако Ла Лига ја разгледа целата документација.
Де Јонг пристигнува на едногодишна позајмица со опција за откуп следното лето. Барселона беше во потрага по нов напаѓач уште пред да го даде Гризман на позајмица во Атлетико Мадрид, а 31-годишниот Холанѓанец всушност пристигнува како замена за Французинот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
