
„Подобро некогаш, отколку никогаш“. Ако верувате во сништата можеби некогаш и ќе ви се остварат. Ова е животната приказна на Жуниор Месијас, новото засилување на Милан.
Месијас дојде во Милан последниот ден од преодниот рок за 10 милиони евра. „Росонерите“ бркаа позвучни имиња на таа позиција, но на крајот сепак го доведоа бразилскиот фудбалер од Кротоне.
Месијас има 30 години и многумина можеби денеска првпат слушаат за него. Роден е во Бело Хоризонте, но пристигна во Италија пред 10 години од родниот Бразил. И тука започнува лудата приказна.
Почна да работи како доставувач на пици, а попатно играше за локален, аматерски тим. Ја започна својата сениорска кариера во 2015 година, а неговиот тим Гоцано се квалификуваше за Серија Ц во сезоната 2017/18.
Потоа се пресели во Кротоне, со кој дебитираше во Серија Б во 2019 година. Ова лето, тој одеднаш доби шанса да го облече дресот на славниот Милан и да игра во Лигата на шампионите.
Како и многу сонародници, тој уште од рана возраст беше страстен фанатик за фудбалот, уживајќи да игра на улица со пријателите. Неговиот заштитен знак е дриблингот, а минатата сезона беше на самиот врв на листата во Серија А по бројот на успешни дриблинзи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski