Каталонскиот гигант Барселона ослободи дел од буџетот за плати и веднаш тргна во акција за засилување на тимот. На Роналд Куман очајно му е потребен напаѓач и се водеа кусо преговори со Единсон Кавани да дојде на позајмица на „Камп Ноу“, но, сепак, можноста брзо пропадна. Но, дополнително се отвори можност за ангажман на Дани Олмо.
Шпанскиот репрезентативец е член на Лајпциг, а Барсеона преговараше со германскиот клуб за трансферот на Илаиш Мориба. Овие преговори траат една недела, а денес трансферот треба да биде официјализиран. Барселона се обиде да го доведе Дани Олмо на позајмица за претстојната сезона, но Лајпциг не е расположен за таква зделка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













