Connect with us

Анчелоти: Првиот пат кога бев во Реал Мадрид погрешив со Кашемиро

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше за продолжување на договорот со играчот за врска Кашемиро. Новиот договор на бразилскиот фудбалер е со важност до 2025 година.


„Потребна ни е интелигенција во последниот ред за врска за да го контролираме текот на играта. Кашемиро тоа го прави на неверојатно добар начин и не го менувал за ниту еден друг фудбалер на светот. Тој е многу важен фудбалер за Реал Мадрид и добро е што го обнови договорот. Можеби, кога првпат дојдов во Реал, требаше да му дадам поголема минутажа. Учтиво му кажав дека згрешив“, изјави Анчелоти.

Дваесет и деветгодишниот Бразилец игра за Реал Мадрид од 2013 година. Минатата сезона, тој одигра 46 натпревари на кои постигна седум гола и имаше пет асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови