Connect with us

Стојанов: Беласица покажа карактер, фудбалерите издржаа и со два црвени картони

Беласица ја оствари стартната победа во Втората лига Исток, а новиот тренер Александар Стојанов стигна до дебитантскиот триумф. Задоволен е од изданието и вели дека фудбалерите се херои затоа што издржаа против Детонит, иако половина час играа со двајца фудбалери помалку на теренот.


„Пред се честитки за сите актери на теренот на денешниот натпревар, чест и задоволство и за мене како нов тренер е што стартот на Беласица беше со победа. Сите честитки за победата одат кај нашите играчи, тие се најзаслужни за првиот чекор и првата победа. И покрај младоста го положија првиот тест и издржаа и со осум играчи на теренот цели 30 минути, и со нивната пожртвуваност и квалитет не дозволија ниту една посериозна шанса да направи противникот. Стартот е успешен, одиме понатаму“, вели Александар Стојанов за МАКФУДБАЛ.

Беласица е еден од главните кандидати за првото место во Втората лига Исток, но младиот тренер умешно сака да го тргне притисокот од фудбалерите.

„Екипата е составена од многу млад состав со просек од 19 години, уште од стартот на првенството не смееме да им наметнеме притисок на овие млади момци и затоа ќе одиме натпревар по натпревар до нашата крајна цел. Беласица е име кое секогаш заслужува да биде меѓу елитата, но споменав дека оваа сезона ќе одиме чекор по чекор и се што имаме да кажеме ќе кажуваме на теренот“, порачува новиот шеф на стручниот штаб на Беласица.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови