Воска Спорт покажа уште на стартот дека ќе биде моќен тим иако е нов второлигаш славејќи на гости против Гостивар со 0-4, а и Силекс лесно и убедливо славеше против Кадино (0-3). Вардар со „децата“ успеа да остане непоразен против Кораби во Дебар, а Тетекс успеа да оствари триумф против Велешта. Охрид Лихнидос беше убедлив (4-1) против Беса.
На „Западот“ има многу поголема конкуренција оваа сезона.
Победа се врати во Прилеп и со пресврт славеше победа (2-1) над Кит Го, а и Беласица го оствари планот со триумфот (0-2) над Детонит иако играше со двајца фудбалери помалку. Кожуф и Слога Виница исто така стартуваа според планот, а убедлива (1-4) беше Каменица Саса на гости кај Осогово.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим по премиерните натпревари во двете втори лиги. Тренер на колото е стратегот на Воска Спорт, Раде Цицмиловиќ, по убедливиот триумф во Гостивар.
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ВТОРИТЕ ЛИГИ!
- ФИЛИП ИЛИЌ (ВАРДАР)
- БОРЈАН ПАНОВСКИ (ОХРИД ЛИХНИДОС)
- АНДРЕЈ РИЧКОВ (КАМЕНИЦА САСА)
- ВАСИЛ КРСТЕВ (БЕЛАСИЦА)
- ДАНИЕЛ КАРЧЕСКИ (ПОБЕДА)
- ДАВИД МАНАСИЕВСКИ (СИЛЕКС)
- АЛЕКСАНДАР ПОПОВСКИ (ТЕТЕКС)
- ДАРКО АНЃЕЛЕСКИ (ПОБЕДА)
- БУРХАН АЛИЈИ (СИЛЕКС)
- ИЗАИР ЕМИНИ (ВОСКА СПОРТ)
- ИГОР КЛЕЧКАРОСКИ (ОХРИД ЛИХНИДОС)
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: РАДЕ ЦИЦМИЛОВИЌ (ВОСКА СПОРТ)
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski