Платата на Лионел Меси во ПСЖ вклучува плаќања во криптовалута, пренесува британскиот „Телеграф“ , повикувајќи се на извор запознаен со деталите од договорот.
Не е објавено колкав процент од платата ќе добие 34-годишниот Аргентинец во дигитални валути. Сепак, постојат информации дека обемот на плаќањата во токените на Меси ќе биде голем.
Навивачите на ПСЖ можат да добијат таканаречени токени за навивачи со учество во анкети организирани од клубот. Токените може да се тргуваат на берзата или да се разменуваат за ексклузивни награди. Во моментов, цената на токенот на ПСЖ е 41 американски долар.
Пари Сен-Жермен не е единствениот европски клуб кој има свои жетони. Особено, оваа година тие беа лансирани од Манчестер сити и од Милан.
Претходно се дозна дека за две години Меси ќе заработи повеќе од 80 милиони евра во ПСЖ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













