
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека не гледа причина да купува нови играчи во летниот преоден рок.
„Сега е лето, преодниот рок е отворен, сите очекуваат да потпишеме некого. Ајде да видиме како ќе се одвиваат работите, но да поминеме низ составот. Дали ни е потребен нов бек или голман? Веќе имаме добри играчи на овие позиции. Во средниот ред располагаме со Тијаго, Фабињо, Хендерсон, Окслејд-Чембрлен и Кеита, како и младите Елиот и Џонс. Во нападот се вклучени Мане, Фирмино, Салах, Жота, Шаќири, Минамино и Ориги. Ако треба да купиме некого, тоа значи дека треба да потрошиме многу пари, но тоа нема смисла бидејќи веќе имаме добри играчи. Да, одвреме навреме се потребни промени, но засега нема смисла да се зголемува постојниот фонд“, изјави Клоп.
Во сезоната 2020/21, Ливерпул заврши на третото место на табелата, но оваа повторно има амбиции за титулата.
„Црвените“ ќе ја отворат новата сезона во Премиер – лигата со дуел против Норич на 14 август.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
