
Непосредно пред почетокот на новата сезона во Бундес – лигата, 14 фудбалери на Мајнц се во карантин бидејќи повеќе играчи се заразија со коронавирусот. Прво, Карим Онисиво беше позитивен на тестовите, а потоа клубот влезе во здравствена криза.
Иако Онисиво веднаш беше изолиран, уште двајца фудбалери и еден член од стручниот штаб се покажаа како позитивни на Ковид-19 на новото тестирање. Поради ова, уште осум играчи и двајца членови на тренерскиот тим беа испратени во карантин.
Голем проблем е што еден играч кој е веќе вакциниран се заразил, тврди „Билд“, па затоа надлежните институции наредила карантин за сите невакцинирани фудбалери. Само вакцинираните можат да продолжат со тренинзите пред неделниот натпревар против Лајпциг.
Претседателот на клубот, Штефан Хофман, посочува дека статутите се јасни и дека клубот тргнува од фактот дека натпреварот ќе се одржи. Тој пренесе дека надлежната здравствена служба препорачала да се откаже денешниот тренинг и се чекаат дополнителни мерки.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
