Килијан Мбапе и покрај желбата да си замине од Париз, останува во ПСЖ и оваа сезона. Според шпанскиот весник „АС“, претседател на парижаните, Насер Ал-Келаифи знае дека напаѓачот Килијан Мбапе нема да потпише нов договор со клубот. И покрај ова, ПСЖ нема да го пушти напаѓачот во Реал Мадрид до летото 2022 година, кога истекува неговиот договор.
ПСЖ разбира дека одлуката на Мбапе не може да се промени, но тие не сакаат да го пуштат сега. За ПСЖ, ова не е прашање на пари.

Веќе е одлучено дека Мбапе во ПСЖ ќе биде заменет со Кристијано Роналдо, чиј договор со Јувентус истекува следното лето.
Ал-Келаифи отсекогаш сакал Роналдо, Нејмар и Лионел Меси да играат за ПСЖ. Планирано е Португалецот, кој тогаш ќе наполни 37 години, да потпише договор на две години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













