
Каталонскиот гигант Барселона има сериозни финансиски проблеми. Долговите на тимот од „Камп Ноу“ одамна надминаа една милијарда евра, а овие проблеми на крајот им ја донесоа загубата на иконата на клубот Лионел Меси, кој не можеше да потпише нов договор.
Клубот ја објави својата разделба со него, а Лео вчера се смести во редовите на францускиот ПСЖ, со кого потпиша двегодишен договор.
Дека каталонскиот клуб е во сериозни финансиски проблеми доволно покажува ситуацијата со новите играчи кои дојдоа во клубот ова лето. Мемфис Депај, Серхио Агуеро, Емерсон и Ерик Гарсија се уште не се регистрирани, иако има уште два дена до почетокот на сезоната во Ла Лига.
Причината е јасна, финансиските проблеми што ги има клубот. Каталонското радио (РАЦ) ја донесе оваа информација утрово, што сигурно ги вознемири навивачите.
Роналд Куман најверојатно ќе мора да бара други решенија на натпреварот против Реал Сосиедад, кој ќе се одигра в недела, и којзнае кога ќе се реши оваа ситуација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
