
Мартин Одегард го напушта Реал Мадрид. „Кралевите“ одлучија да го задржат фудбалерот за врска Дани Себалјос, а норвешкиот интернационалец ќе замине од „Сантијаго Бернабеу“. Тој повторно се поврзува со преселба во Арсенал, но овојпат „топчиите“ ќе треба да го откупат неговиот договор за околу 60 милиони евра.
Одегард (22) дојде во Реал во 2017 година како норвешко чудо од дете со надомест од 2,8 милиони евра. Минатото лето, по пет години позајмица во Херенвен, Витесе и Реал Сосиедад, се врати во Реал Мадрид како играч вреден 45 милиони евра.
Сепак, Одегард не може да се избори за место во првиот состав покрај Модриќ и Крос, па минатата сезона во јануари замина на позајмица во Арсенал. Ова лето повторно се врати во Реал, но очигледно дека нема сили да се наметне.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
