Connect with us

Лудница за дресот на Меси: Сите се распродадени за рекордно време!

Пристигнувањето на Лионел Меси во ПСЖ предизвика неверојатна еуфорија меѓу навивачите на парискиот клуб. Еден од најголемите фудбалери на сите времиња вчера потпиша двегодишен договор, а навивачите на овој тим се пресреќни што Лео ќе го носи нивниот дрес.


За какво лудило владее поради доаѓањето на аргентинската суперѕвезда доволно говори фактот дека дресовите што се појавија синоќа во продажба преку интернет се комплетно распродадени. За 30 минути исчезнаа сите сини дресови со број „30“, а за рекордно време од 20 минути исчезна и гостинската бела варијанта на дресот.


Сигурно е дека ПСЖ ќе добие многу од продажбата на дресови и сувенири со ликот на Меси, а за нив доаѓањето на Лео во клубот е огромна добивка во областа на маркетингот.


Цената на дресот во официјалната продавница на ПСЖ е 108 евра, а некои фанови веднаш одлучија да заработат. Оние кои успеаја да го „грабнат“ дресот, сега го препродаваат по рекордни цени кои достигнуваат неколку илјади евра.

Оние кои не успеаја да го добијат дресот преку интернет утрово од раните утрински часови чекаат ред да го купат дресот, а сцените пред клупската продавница се неверојатни.

Исто така, билетите за вториот натпревар сезонава против Стразбур пламнаа за миг, а на црниот пазар може да се купат за огромни суми кои достигнуваат и до 1.500 евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови